8 C
Vinica
четврток, февруари 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ЦУК: Водата во Крушево е заматена од дождовите, да се преврие пред да се пие

    Излевање на реки, поплавени земјоделски површини и објекти и слевање на наноси од повисоки места е состојбата по обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во последните денови. Како што информираат од Центарот за управување со кризи последица на поројните врнежи е и заматување на водата во Крушево, која мора да се преврие најмалку 10 минути пред да се пие.

    Во Кочани и Штип има излевање кај Оризарска река во село Грдовци, а од идната недела ќе започне чистење на речното корито на реката за да се спречат идни несакани последици. Од ЦУК велат дека сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран, а на повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и Македонијапат интервенира за нивно расчистување.

    Во Битола во населбата Стрчин комуналното претпријатие Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја, а во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите. Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини, а ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река, додека Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
    Во Ресен поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка, но ЦУК информира дека нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
    Во Демир Хисар локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река, надлежните служби ја обезбедуваат локацијата, а во Прилеп, во селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот. Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали.

    Во Тетово патот кон Бање Тетово е исчистен но полицијата не дозволува сообраќај од безбедносни причини, а патот кон село Жерма и кон село Бродец е прооден.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica