Детска новогодишна магија на плоштад!
Драги дечиња и почитувани родители,
ве покануваме на незаборавна театарска авантура под отворено небо!
„Новогодишна случка во волшебната шума“
03.01.2026 (сабота)
Почеток: 13:00 часот
Локација: Градски плоштад „Ангел Винички“
Волшебната шума оживува со омилените ликови, весели песни, многу смеа и новогодишни изненадувања што ќе ги воодушеват најмладите, но и ќе ги разнежат срцата на возрасните.
Донесете ја празничната насмевка, топла облека и добро расположение – нè очекува заедничко уживање, дружење и магија за целото семејство!
Не пропуштајте – да ја доживееме новогодишната приказна заедно!