Со 8 гласа ЗА и 6 ПРОТИВ беше изгласан најголемиот Буџет во историјата на Општина Виница во износ од 547.708.000 денари во кој капиталните расходи исто така се планирани на рекордно ниво во историјата на општината и се во износ од 139,5 милиони денари.
Покрај капиталните објекти кои во 2026 година ќе се градат во Општина Виница преку буџетот на општината, ќе има пари за невладините организации и здруженија, ќе има пари за спортските клубови, ќе има пари за секое новороденче во износ од 6.000 денари, ќе има зголемување на финансиската помош за секое првооделенче на 5.000 денари, ќе има зголемување на субвенциите за сите ученици за освоени први, втори и трети награди на државни натпревари, за реализација на сите културни и спортски манифестации кои ги одржува општината и за уште многу други проекти во интерес на сите граѓани.
Во новиот буџет ќе нема пари за репрезентации, за службени телефони и за било какви непродуктивни трошоци!
Благодарност до мнозинството во Советот кои преку гласањето на буџетот ја препознаа мојата заложба за Општина Виница која ќе се развива, општина со многу реализирани проекти, општина подеднакво добра за живеење за сите граѓани.