6.1 C
Vinica
четврток, јануари 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Успешна еко акција за пошумување во Блатец

    Денеска во село Блатец беше реализирана еко-акција за пошумување, во организација на Младинската организација Блатец, во соработка со ДПД Виница и Ротари клубот Кочани – Виница. Акцијата е дел од националната иницијатива на Асоцијацијата на Ротари клубови во Македонија, во чии рамки низ државата се засадени вкупно 6.000 садници.
    Во акцијата учествуваа бројни волонтери, граѓани и љубители на природата, кои со заеднички ангажман придонесоа кон унапредување на животната средина и зазеленување на просторите во подрачјето на Блатец.
    Организаторите упатија благодарност до сите учесници и порачаа дека ваквите еко-акции се доказ оти грижата за природата е заедничка одговорност и обврска на сите нас.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica