6.8 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Општина Виница распиша Јавна Објава за продажба на градежно земјиште

    Продажба на 2 градежни парцели за станбено домување (згради) на атрактивни локации.
    ➡️Општина Виница распиша Јавна Објава бр.3/2025 за продажба на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање во Општина Виница за 2 градежни парцели.
    1️⃣Градежна парцела се наоѓа во м.в. „Никола Карев“(измеѓу ЈКП „Солидарност и зградата на Винчини) со вкупна површина од 2322м2 со Основна класа на намена А2-Домување во станбени згради и предвидена катност П+4 и П+8. Почетна цена по м2 е 1.040 денари и вкупна почетна цена е 2.414.547 денари.
    2️⃣Градежна парцела се наоѓа во м.в. „Кирил и Методиј“ (граничи со регионалниот пат со Виница-Берово и поранешниот памучен склад) со вкупна површини од 1613м2 со Основна класа на намена А2-Домување во станбени згради и предвидена катност П+5. Почетна цена по м2 е 1.040 денари и вкупна почетна цена е 1.677.676 денари.
    ➡️Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават НАЈДОЦНА до 22.12.2025 година(понеделник) на следната интернет адреса www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):
    ▶️Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и составни документи на истата;
    ▶️Банкарска гаранција за сериозност на понудата, чијашто висина за секоја градежна парцела посебно е наведена во јавната објава;
    ▶️За физичките лица уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
    ▶️За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (не постар од 6 месеци);
    ▶️Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице заверено на нотар, односно доказ за својството на овластеното одговорно лице на правното лице;
    ▶️Изјава со која подносителот ги прифаќа условите предвидени во објавата заверена кај нотар.
    ⚠️ Банкарската гаранција за сериозност на понудата да биде со рок на важност до 31.07.2027 година и подносителот на пријавата има обврска за доставување на истата во оригинал до Архивата на Општина Виница, во затворен плик со назнака “НЕ ОТВАРАЈ” за “Електронско јавно наддавање – Објава 3/2025“ без никакви други обележја, а за која ГП се однесува банкарската гаранција да биде назначено внатре во пликот, НАЈДОЦНА до 22.12.2025 година (понеделник) до 15:30 часот.
    ➡️ Повеќе информации во просториите на ЕЛС Виница или на следниов линк 👇

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica