6.8 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Доделени уверенијата на новиот градоначалник и на новиот состав на членови на Совет на општина Виница.

    Денеска Општинската изборна комисија во Виница, ги додели уверенијата на новиот градоначалник и на новиот состав на членови на Совет на општина Виница.
    За нов градоначалник на Општина Виница, согласно изборниот резултат од 02 ноември 2025 година, е избран Митко Костадинивски, а нови членови на Советот на Општина Виница се: Гоце Василев, Кристина Велинова, Орце Христовски, Имит Скопко, Кристина Костадиновска,Трајан Сарафимов, Драги Анакиев, Ромео Стоименов, Марија Миланова, Зоран Стоименов, Марина Костов, Венцо Вуинов, Златко Постолов, Звонко Вангелов и Александра Ефтимова.
    Претседателот на Општинската изборна комисија, Александар Костадинов, честитајќи им на новите народни избраници, им посака многу успех и реализација на голем број проекти.
    Кон присутните се обрати новоизбраниот градоначалник на Општина Виница,Митко Костадинивски, кој се заблагодари на сите кои придонесоа за успешна реализација на изборниот процес, заблагодарувајќи се за довербата која што му ја дадоа граѓаните , додавајќи дека ќе работи во интерес на подобар живот за сите граѓани на Општина Виница.
    Општинската изборна комисија упати честитки до сите за новите мандати и порача сите да работат обединети, во рамките на своите знаења со што ќе придонесат кон развојот на општината.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica