Имајќи ги во предвид обврските и надлежностите на единиците на локалната самоуправа согласно Законот за заштита и спасување, Дирекцијата за заштита и спасување, превзема мерки и активности за превентивно делување за заштита од поплави и навремени подготовки за дејствување во зимски услови во периодот 2025/2026 година. Во оваа насока на ден 05.11.2025 година, Подрачното одделение за заштита и спасување , со овластување на директорот Драган Тасев, одржа работен состанок за превземање превентивни мерки за заштита и спасување на населението и материјалните добра од поплави.
Работниот состанок се одвиваше по предвидениот Дневен ред:
1. Согледување на состојбата и можностите на субјектите за превземање на превентивни мерки за
заштита и спасување од поплави на територијата на Општина Виница;
2. Проценка на критичните места на излевање на водите од речните корита;
3. Проверка на МТС и опрема за заштита од поплави;
4. Предлози и насоки за подобрување на сегашната состојба на планот за навремено реагирање на субјектите при евентуални поплави, и
5. Разно.
Од состанокот поризлезе следниов заклучок:
-Најпрво да се изврши дополнителна контрола на критичните места, субјектите да изршат проверка на исправноста на МТС и опрема, ЈКП „Солидарност“ дополнително да обезбеди средства за заштита од поплави и средства за зимски услови(сол и песок) и да се засили инспекцискиот надзор на речните корита (неправилно постапување со комунален отпад и градежен шут).
Согласно надлежностите од член 34, 35 и 36 од Законот за заштита и спасување „Сл. Весник на РМ“ бр. 93/12, на овие работни средби како и согласно планските документи : плановите за заштита и спасување од поплави и за работата во зимски услови за сезона 2025/2026 година, Единиците на локална самоуправа потребно е да извршат проверка МТС и опремата за заштита од поплави, и да се направи проверка со фирмите за ангажирање на соодветната механизација и за нивни потреби да се набават вреќи за песок и песок, согласно планот за дејствување во зимски услови, да изработат преглед на расположливата механизација и други возила за интервенција по вид и број, како би можеле веднаш да интервенираат во случај на опасност од поплава.
Согласно Планот за заштита и спасување од поплави ПОЗС ги става во состојба на готовност единиците и тимовите за заштита и спасување од поплави за можни делувања на терен при појава на поплави.

