Најдобриот тенисер на сите времиња донесе одлука со која го шокираше светот на тенисот. Имено Новак Ѓоковиќ објави дека целосно се повлекува од Здружението на професионални тенисери (ПТПА), кое го основа заедно со Канаѓанецот Вашек Поспишил.
Српскиот тенисер ја започнува сезоната со турнир во Аделаида, кој е закажан за една недела, а ќе послужи како еден вид подготовка за првиот Гренд слем турнир во сезоната – Отвореното првенство на Австралија.
Сега тој ја шокираше јавноста со информацијата дека го напушта Здружението на професионални тенисери (ПТПА), особено затоа што немаше индикации дека ќе го направи тој потег во својата кариера.
“По внимателно разгледување, донесов одлука целосно да се повлечам од Здружението на професионални тенисери (ПТПА). Оваа одлука доаѓа по долгогодишните загрижености за транспарентноста, управувањето и начинот на кој беа претставени мојот глас и слика. Горд сум на визијата што ја имавме јас и Васек кога ја основавме ПТПА – да им дадеме на играчите посилен и независен глас – но стана јасно дека моите вредности и мојот пристап повеќе не се совпаѓаат со моменталната насока што ја следи организацијата. Ќе продолжам да се фокусирам на тенисот, семејството и да придонесувам кон спортот на начини што се во согласност со моите принципи и интегритет. Им посакувам на играчите и на сите вклучени се најдобро во нивната понатамошна работа, но за мене ова поглавје сега е затворено“ – објави Новак Ѓоковиќ на социјалната мрежа X.