7.1 C
Vinica
петок, февруари 20, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Спектакуларно новогодишно шоу во Дубаи со оркестрации и аранжмани на Џијан Емин

    Под магичната купола на Ал Васл Плаза во Експо Сити Дубаи, на 20 декември 2025 година, се одржа спектакуларното новогодишно празнично шоу „Carols by Candlelight“, еден од најочекуваните празнични културни настани во официјалната програма на Експо Сити. Концертите започнуваа во 18:30 часот, а во рамки на проектот беа реализирани десет изведби, кои на посетителите од сите возрасти им донесоа радост, топлина и празнична магија.

    Настанот се одвиваше на уникатната локација Ал Васл Плаза, каде публиката беше опкружена со импресивни 360-степени божиќни проекции, сценски ефекти и внимателно осмислена визуелна нарација. Мултимедијалниот спектакл беше збогатен со празнично пеење, танцови точки и живописни сценски појавувања, вклучувајќи и изненадувачки настапи на Дедо Мраз и Госпоѓа Клаус, што дополнително ја засили празничната атмосфера, особено кај најмладите посетители.

    „Оваа соработка со Експо Сити Дубаи не е прва. Пред две години работев на истиот проект, кој тогаш беше снимен со оркестар составен од македонски музичари. Оваа година, целиот настан се одвиваше во живо, со голем симфониски оркестар. Ова е уште еден плод на долгогодишната соработка со продуцентот Мет Феди, кој живее и работи во Дубаи“, изјави Емин.

    Аранжманите и оркестрациите за концертот ги потпишува македонскиот композитор и аранжер Џијан Емин, чиј авторски пристап ѝ даде нова звучна димензија и симфониска длабочина на традиционалната празнична музика.

    Продуцентот Мет Феди, пред преселбата во Дубаи, има богато меѓународно искуство и работел со музички имиња од светски калибар како Ени Ленокс, Стинг, Суперграс, како и со бројни други интернационално реномирани артисти, што на проектот „Carols by Candlelight“ му дава дополнителна уметничка и продукциска тежина.

    Со ова трето по ред издание на „Carols by Candlelight“, Експо Сити Дубаи ја потврди својата позиција како водечка платформа за врвни културни и мултимедијални настани, а учеството и креативниот придонес на Џијан Емин претставуваат значаен меѓународен успех и афирмација на македонската музичка сцена на светската културна мапа.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica