Крцкавите кори, сочниот фил од вишни и богатата нота на чоколадо ја прават оваа виткана баклава посебен деликатес кој освојува од првиот залак.
Состојки:
500 г кора за баклава
масло за премачкување
Фил:
150 г мелени ореви
150 г мелена плазма
200 г гриз
100 г шеќер
100 г рендано чоколадо
500 г вишни (исцедени)
Соединете ги сите суви состојки, а доколку е потребно додадете малку вода за филот да биде компактен.
View this post on Instagram
Сируп:
600 г шеќер
500 мл вода
1 кесичка ванилин шеќер
3 парчиња лимон
Подготовка на сируп:
Варијте ги шеќерот, водата и ванилиниот шеќер додека не зоврие, а потоа уште 5 минути. Кон крајот, додадете лимон. Оставете целосно да се излади.
Подготовка на витките:
Премачкајте една кора со масло. Ставете друга кора врз неа и исто така премачкајте ја со масло. Распоредете го филот по целата должина. Додадете исцедени цреши по филот. Цврсто замотајте. Премачкајте го ролатчето со масло и исечете го на парчиња од околу 5 см. Печете на 180°C додека не поруменат. Прелијте го ладниот сируп врз топлите ролатчиња и оставете ги добро да се впијат.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/Instagram