Едноставен рецепт за лиснато тесто кој комбинира крцкавост, полн вкус и практичност – идеален за секој ден.
Состојки:
2 пакувања лиснато тесто
1 пакување сланина (тенко исечена)
рендано чедар сирење (по вкус)
3 лажици доматно пире (или пасата)
1 јајце (изматено)
сусам за посипување
Подготовка:
Одвиткајте едно лиснато тесто и ставете го на хартија за печење. Рамномерно намачкајте го со доматно пире. Распоредете ја сланината по целата површина. Посипете со рендано чедар сирење. Покријте со другото лиснато тесто и нежно притиснете ги рабовите заедно со вилушка. Исечете го тестото на ленти (околу 10–12 парчиња). Свртете ја секоја лента во спирала. Распоредете ги стапчињата на плех, премачкајте со изматено јајце и наросете со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 20 минути, додека не станат златни и крцкави.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/novosti