6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Македонија понуди медицинска поддршка по трагедијата во Кран-Монтана

    По трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран Европскиот механизам за цивилна заштита, македонските власти нудат поддршка во згрижувањето и лекувањето на повредените.

    Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.

    „Ја изразив подготвеноста на нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи,“ напиша Муцунски на Фејсбук.

    Тој вели дека доколку има потреба, ќе бидат испратени и македонски лекари, кои биле вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани.

    „Поддршката во вакви моменти е од суштинско значење. Целосно стоиме на располагање на нашите швајцарски пријатели во справувањето со оваа трагедија“, истакна Муцунски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica