6.8 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) СОЛЕНИ МАФИНИ: Брзо се прават а уште побрзо и исчезнуваат!

    ОВИЕ солени мафини со јајца и сирење се идеално решение кога сакате нешто практично, вкусно и заситувачко за празничната трпеза. Може да се јадат и топли и ладни, не бараат прибор за јадење и се совршени за новогодишната ноќ, домашни забави и шведски маси.
    Состојки:
    3 јајца
    200 мл млеко или јогурт
    80 мл масло
    250 г брашно
    2 лажички прашок за пециво
    150 г сирење (рендано – гауда, чедар или моцарела)
    100 г шунка, сланина или салама (ситно исечкана)
    1/2 црвена пиперка (сечкана на коцки)
    2 лажици власец или магдонос
    сол и црн пипер по вкус
    по желба: оригано, гранулиран лук, малку чили
    Подготовка:
    Изматете јајца, млеко (или јогурт) и масло во сад. Додадете го брашното, прашокот за пециво, солта и црниот пипер и кратко измешајте – само за да се соединат состојките.
    Додадете го сирењето, месото, пиперката и билките. Истурете ја смесата во калапи за мафини, полнејќи ги до 3/4.
    Печете на 180°C (горе-долу) 25-30 минути, додека не поруменат. Оставете ги малку да се изладат и послужете.

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica