6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) ВКУСЕН ДЕСЕРТ ГОТОВ ЗА 15 МИНУТИ: Рецепт кој ќе им се допадне на сите сладокусци

    Претставуваме десерт кој ќе стане спас за секоја домаќинка!
    Ако во последен момент имате гости или едноставно сакате нешто благо „веднаш“, има рецепт за вас од кујната на баба. Потребни се само 15 до 20 минути за подготовка, а најдобро од сè, воопшто не треба да се пече. Комбинацијата од чоколадна основа од блендерот и пенаст крем со крцкави додатоци ќе ги воодушеви сите сладокусци. Брзо, лесно и неверојатно вкусно!
    Состојки:
    150 г бисквити,
    1 лажица какао,
    100 г путер,
    2 шлага или 200 г слатка павлака
    1 кесичка желатин,
    1 шака сечкани ореви
    Подготовка:
    Ставете го бисквитот и една лажица какао во блендерот. Мелете заедно додека бисквитот не добие темна, чоколадна боја. Во таа смеса додадете 100 г растопен путер и добро измешајте. Подгответе калап за мафини со хартиени корпички.
    Ставете по една лажица од смесата во секоја корпа и добро притиснете по дното на мала чашка за да добиете цврста основа.
    Оставете во фрижидер 10 минути. Во тоа време, изматете ги шлаговите или павлаката, додадете растопен желатин и сечкани ореви (доколку користите 200 г слатка павлака, желатинот не е потребен). Прелијте го филот врз бисквитите, наросете со уште малку ореви и оставете половина час во замрзнувач или еден час во фрижидер. Десертот е подготвен за сервирање!

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica