6.8 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) ПОСНА БАЈАДЕРА: Овој рецепт ќе стане центар на секоја трпеза

    Бајадерата има и своја посна верзија
    Потребно е:
    150 мл вода
    150 г шеќер
    120 г посен маргарин
    100 г чоколадо
    100 г кикирики
    50 г ореви
    посни бисквити
    100 г чоколадо
    2 лажици масло
    Подготовка:
    Ставете ги водата и шеќерот да се загреваат до вриење, потоа додадете ги маргаринот и чоколадото и мешајте додека сè не се стопи, потоа тргнете од оган. Претходно препечете ги кикириките и оревите во тава за да замирисаат, потоа сомелете ги но да останат уште поголеми парчиња.
    Исто така, поделете го бисквитот, потоа сомелете ја едната половина, а другата половина со раце издробете ја на поголеми парчиња за да можете да ги почувствувате под забите. Додадете кикирики, ореви и двата вида бисквити во топлата смеса со чоколадо, потоа добро измешајте сè за да добиете густа маса.
    Истурете ја смесата во плех (30×20) што сте го обложиле со хартија за печење или во силиконски калап, потоа добро притиснете и израмнете.
    За глазурата, растопете 100 г чоколадо со две лажици масло, прелијте ја бајадерата и оставете ја на ладно добро да се стегне пред да ја исечете.

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica