6.8 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) ПОСНИ ТОПЧИЊА ОД УРМИ: Колачиња на вода

    Доколку сакате брз, здрав и целосно посен десерт без додаден шеќер, топчињата од урми се идеален избор. Подготовката трае само дваесет минути, без готвење, а природната сладост доаѓа исклучиво од урмите. Тие се совршени кога сакате нешто лесно, хранливо и вкусно.
    Состојки:
    • 500 г урми
    • 100 г бадеми
    • 100 г ореви
    • 2 полни лажици какао
    • малку вода (само ако смесата е сува)

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Milena Tomasevic (@tomasevicmilena86)

    Подготовка:
    1. По желба, препечете ги бадемите и оревите. Отстранете ја семката од урмите.
    2. Додадете ги бадемите и оревите во блендерот и исечкајте ги, но не многу ситно – оставете некои поголеми парчиња.
    3. Додадете ги урмите и какаото, а потоа блендирајте сè заедно додека не добиете еднолична смеса.
    4. Проверете дали смесата може да се формира во топка. Ако се распарчи, додадете многу малку вода (по една лажичка) и повторно блендирајте.
    5. Обликувајте топчиња. Извалкајте ги во мелени ореви и бадеми и наросете ги со какао.
    Пријатно!

    Фото: Принтскрин/Instagram

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica