Скоро и да нема домаќинка која го нема овој рецепт. Денес ви предлагаме нешто ново – можеби ќе ви се допадне и во иднина тоблеронето ќе го подготвувате по овој рецепт…
Состојки:
3 жолчки
7 лажици шеќер
125 г путер (маргарин)
100 г чоколадо
100 г мелени бисквити
100 г лешници (ореви, бадеми)
View this post on Instagram
Подготовка:
Испечете и исечкајте ги лешниците.
Изматете ги кратко жолчките со шеќерот и продолжете на пареа.
Додадете го исечканиот путер и кршеното чоколадо во топлите жолчки. Мешајте додека сè не се растопи и соедини, потоа додадете ги бисквитите и оревите. Измешајте сè и истурете во калап за тоблероне обложен со хартија за печење.
Кога ќе се олади и ќе се стврдне, извадете го од калапот и исечете го.
Можете да користите кое било чоколадо, оригиналниот рецепт вели „евроблок“ чоколадо, го пробав, одлично е.
Го пробав и со печени ореви, исто така е многу убаво, со посебен вкус.
Пријатно
Фото: Принтскрин/Instagram