2 C
Vinica
четврток, декември 18, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) ПОСНА ПРОЈА: Рецепт за брза и вкусна ужина

    Со идеален сооднос на пченкарно и лебно брашно, оваа проја останува мека одвнатре и малку крцкава однадвор
    Состојки:
    3 чаши пченкарно брашно
    лебно брашно (1 чаша)
    масло 50-100 мл (по желба)
    кисела вода (2 и пол чаши)
    еден прашок за пециво
    сол по вкус
    семки по ваш избор (сусам, тиква, сончоглед)
    Подготовка:
    Измешајте ги сите суви состојки, пченкарното брашно, лебното брашно, прашокот за пециво и солта.
    Потоа постепено додавајте масло и кисела вода, мешајќи додека не се добие хомогена смеса.
    Внимавајте смесата да не е премногу течна. Доколку сакате, можете да додадете семки во смесата или да ги посипете одозгора.
    Истурете ја смесата во намастен плех или во калапи за мафини.
    Печете во претходно загреана рерна на 210 степени C околу 45 минути.

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica