6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Бесарт Ибраими: И против Слован ќе го дадеме максимумот, сакаме победа

    Шкендија вечерва од 18:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 5.коло во Лигата на Конференции, ќе ги одмери силите со Слован Братислава. Секако дека тимот од Словачка е квалитетен состав, но сите во таборот на тетовци сметаат дека ќе се даде максимумот и со поддршка од своите фанови може да се дојде до успех, до победа.

    Бесарт Ибраими, капитенот на Шкендија во пресрет на вечерашниот меч побара поддршка од трибините:
    „Што се однесува до навивачите, нормално е дека тие се дополнителна мотивација за нас. Очекувам да бидат во што е можно поголем број. Очекувам поддршка од „Балистите“, бидејќи тие се наш 12-играч и верувам дека ќе ни го олеснат патот до победата“.

    Шкендија оваа години испиша историја..

    Нормално е дека сите сме задоволни, оваа година испишавме историја. Но, не треба да застанеме тука, вечерва мора да го дадеме својот максимум и да го добиеме натпреварот и зошто да не се квалификуваме понатаму“ дополни искусниот напаѓач на нашиот шампион.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica