Овие домашни колачи се идеални за есенските денови. Одлично одат со шолја чај или кафе, а се прават едноставно од состојки што веќе ги имате во вашата кујна.
Состојки за тестото:
150 г меко брашно
100 г полугрубо брашно
5 грама шеќер
20 г свеж квасец
110 мл млако млеко
90 мл масло
1 јајце
1 прстофат сол
рендана кора од лимон
Фил:
200 г мелени ореви
200 мл млеко
80 г шеќер
1 ванилин шеќер (10 г)
2 лажици лебни трошки (20 г)
Трошки:
45 грама брашно
45 г шеќер
40 г путер
Подготовка:
Измешајте шеќер, квасец и млако млеко во брашното. Кога квасецот ќе се пени, додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто. Оставете го да нарасне 1 час.
За филот, сварете млеко со шеќер и ванила, додадете ореви и лебни трошки. Кратко варете за да се згусне.
Оформете го тестото во топчиња (по 40 г), наредете ги на хартија за печење и направете вдлабнатина во средината на секое со мала чашка.
Ставете го филот во вдлабнатините, посипете со трошки (измешајте ги сите состојки со раце) и оставете го да отстојат 15 минути.
Намачкајте ги рабовите со јајце и печете во рерна на 180°C 20-25 минути, додека не поруменат.
Фото: Принтскрин/novosti