
Наградата „Илија Жупаноски“ за извонредни придонеси во професионалното новинарство, медиумската етика и известувањето од јавен интерес во Мкедонија, ќе биде доделена во рамките на 21-та Меѓународна конференција е-Општество, која во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ ќе се одржи на 10 декември во „Холидеј Ин“.
Оваа церемонија го оддава почит на наследството на Илија Жупаноски и ги слави поединците и медиумите кои промовираат интегритет, транспарентност и одговорност во медиумската сфера.
Официјална церемонија на доделување на наградата ќе се организира на завршната сесија на конференцијата, а презентери на настанот ќе бидат Елида Зилбеари, главна уредничка на „Порталб“ и Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.