
Малолетници од Охрид се осомничени дека силувале и уценувале дете од 12 години. СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, дека нападнал и силувал 12-годишно девојче, како и за 14- годишник од Охрид кој сето тоа го снимал и снимката ја искористил за уцена.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода.
„16-годишникот на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник снимал. Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство“, информираат од СВР Охрид.