6.9 C
Vinica
среда, ноември 26, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Семејното насилство има економски последици, 80 отсто од жените се спречени да работат од насилниот партнер

    Осумдесет отсто од жените биле спречени да работат од страна на насилниот партнер, а 42 отсто од жените го изгубиле своето работно место како директна последица од насилството, покажуваат податоците на здружението ЕСЕ, по повод почетокот на 16-те меѓународни денови на активизам против насилството врз жените.

    Жените се соочуваат со сериозни економски последици поради насилството, што значи дека ја започнуваат транзицијата кон нов живот со сериозно нарушена економска основа. Тие имаат и високи здравствени трошоци поради последиците од насилството, 48% од трошоците се за лекови, 21% за хоспитализации, а 19% за матичен лекар и итна помош.
    Овие издатоци нечесто се плаќаат приватно, бидејќи жените имаат ограничен пристап до јавни
    услуги или им треба навремена поддршка која ја нема во системот.
    Жртвите на насилство имаат и трошоци за домување и преживување. По напуштањето на домот, жените мора итно да најдат ново сместување, што подразбира кирија, сметки, основен мебел, транспорт и секојдневни трошоци. Сегашните можности за финансиска поддршка и економско јакнење од страна на државата се недоволни и несоодветни, па жените често остануваат без реален излез од економската криза што ја предизвикува насилството. Над 90% од жените земаат кредити или позајмици од роднини и пријатели за да преживеат во првите месеци по насилството.

    Анализата на ЕСЕ покажува дека постојниот систем на досудување и наплата на издршката за
    децата, ги оставa жените и децата без реална заштита. Во над 50% од случаите, судската издршка не ги задоволува реалните трошоци за детето. Седумдесет отсто од жените се соочуваат со ненавремена, делумна или целосно неплатена издршка.
    Жените ретко ги користат законските механизми за наплата, бидејќи постапките се долги, неефикасни и скапи, а често и поради страв од одмазда од насилникот. Ова значи дека во најголем дел од семејствата, во овој период на транзиција, мајката сама ги обезбедува сите средства за живот на децата, без поддршка од државата или од другиот родител.
    „За жените трајно да ставaт крај на насилството и да обезбедат стабилен, безбеден живот за
    себе и своите деца, потребни се системски решенија кои подразбираат финансиска поддршка во првите 6–12 месеци по напуштањето на насилната заедница, со цел покривање на основни трошоци и стабилизација,“ посочуваат од ЕСЕ.

    Им требаат и можности за вработување и преквалификација, во партнерство со институциите и приватниот сектор, ефикасен механизам за наплата на издршката, кој ќе гарантира дека децата ги добиваат средствата што им следуваат, координирана институционална поддршка за надминување на економските последици од насилството и поголеми вложувања во економското зајакнување на жените, преку социјални претпријатија, обуки, локални програми и активирање на жените кои се надвор од пазарот на труд.
    ЕСЕ апелира државата итно да воспостави систем за финансиска поддршка на жените во
    периодот на транзиција по напуштањето на насилната заедница, поддршка која ќе овозможи
    покривање на трошоци за домување, основни потреби, здравствени услуги и секојдневни
    издатоци сѐ додека не се обезбеди стабилен приход.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica