8.4 C
Vinica
понеделник, ноември 24, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Кандидатот на владеачката СНСД за претседател на Република Српска, Каран, победник на претседателските избори

    Кандидатот на српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи- СНСД за претседател на Република Српска, Синиша Каран, победи на предвремените претседателски избори. Според прелиминарните резултати од избирачките места, Каран освоил 200.116 гласови или 50,89 проценти, а Бранко Блануша од СДС 188.010 гласови или 47,81 процент, изјави Јован Калаба, претседател на ЦИК на Босна и Херцеговина.

    Калаба изјави дека ова се прелиминарни, неофицијални и нецелосни резултати со вкупно 2.008 редовни избирачки места.

    „Имавме 2.164 редовни избирачки места, а ова се резултатите од 2.008 или 92,79 проценти. Недостасуваат резултати од 156 избирачки места или 7,21 процент“, рече Калаба на прес-конференција, а официјалните резултати де најавени дека ќе бидат објавени во текот на денот.

    Тој додаде дека, според моменталните податоци, кандидатот на Алијансата за нова политика Драган Ѓокановиќ освоил 1.684 гласови или 0,43 проценти, кандидатот на Еколошката партија на Српска Никола Лазаревиќ 1.341 глас или 0,34 проценти, а независните кандидати Игор Гашевиќ и Славко Драгиќевиќ 1.172 или 928 гласови.

    Каран е близок соработник на досегашниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, кој беше симнат од функцијата, што беше и прочина за распишување на предвремени избори.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica