10 C
Vinica
недела, ноември 23, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Со свечена седница во Владата обележан Денот на албанската азбука

    Владата на Република Северна Македонија денеска одржа свечена седница по повод одбележувањето на 22 Ноември, Денот на азбуката на албанскиот јазик, празник кој втора година по ред се слави со државна церемонија во владините простории.

    Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, во своето обраќање ја истакна историската и културната тежина на Битолскиот конгрес од 1908 година.

    „Токму тој конгрес го постави темелот на современиот албански идентитет, преку унифицирањето на азбуката, еден од клучните столбови за зачувување на јазикот, културата и националното сеќавање“, рече тој.

    Фетаи го потенцираше придонесот на албанските преродбеници и на видната личност Мид’хат Фрашери, како историски фигури кои оставиле длабок белег врз јазичниот и културниот развој. Фетаи нагласи дека јазичната рамноправност и промовирањето на јазичната разновидност остануваат трајна обврска на Владата, која и натаму е посветена на негување и заштита на албанскиот јазик и идентитет во сите негови димензии.

    Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека градењето на современо и напредно општество е заедничка задача на сите граѓани и институции.

    „Целта на Владата е секој граѓанин, во секој дел од државата, да го почувствува напредокот и поддршката од институциите. „Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации. Успехот е наш заеднички проект. Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност, ќе можеме да постигнеме резултати што ќе ја движат татковината напред“, рече премиерот.

    Честитка по повод Денот на албанската азбука упати и претседателот на Собранието, Африм Гаши кој кажа дека овој датум е еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ.

    „Со унифицираната азбука биле поставени основите кои му дале на албанскиот јазик „сила на единство и идентитет. Како претседател на Собранието, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезија“, напиша Гаши.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica