9.9 C
Vinica
недела, ноември 23, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) ПРОТЕИНСКА „ПАЛЕНТА“ ВО ТИГАН: Брза мини солена тортичка

    Лесна, шарена и готова за 10 минути. Крцкав сусам на дното, мека внатре – идеален појадок или ужина без глутен и лактоза.
    Состојки:
    2 јајца
    3 лажици грчки јогурт
    2 лажици сечкан спанаќ
    1 лажица ајвар
    20 г пржена сланина
    зачини: сол, лук во прав, бибер
    1 лажичка сусам
    4 лажици палента
    ½ лажичка прашок за пециво
    1 лажица рендано сирење
    малку маслиново масло за тавата
    Подготовка:
    Намастете ја тавата и наросете го дното со сусам. Ставете ги сите состојки во сад и убаво измешајте. Прелијте ја смесата врз сусамот и измазнете. Пржеете, покриено, 8-10 минути на средна температура. Свртете и пржете кратко уште 1-2 минути. Изладете и исечете на парчиња како мини солена торта.

    Пријатно!

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica