9.9 C
Vinica
недела, ноември 23, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Џошуа тврди дека парите не се главниот мотив за борбата против јутјуберот Џејк Пол

    Антони Џошуа откри зошто се согласил на контроверзниот меч против Јутјуберот Џејк Пол, кој ќе се одржи на 19 декември во Мајами. Иако од овој дуел ќе заработи околу 80 милиони евра, британскиот тешкаш тврди дека парите не се единствената причина. Потсетуваме, Џошуа и Пол ќе се соочат во професионален меч на осум рунди по три минути. За Џошуа тоа ќе биде прво враќање во рингот откако во септември минатата година на Вембли беше нокаутиран од Даниел Дубоа во борбата за ИБФ-титулата.

    Одлуката да го прифати предизвикот на Пол предизвика вистинска бура во боксерскиот свет и бројни прашања околу тоа како ќе влијае на неговото наследство. Но, на прес-конференцијата во Мајами, Џошуа ја објасни својата страна на приказната.

    „Ова беше одлична шанса за мене да се борам. Сакав да земам 12 месеци пауза од спортот (по Дубоа). Тоа и го направив, и време беше да се вратам на работа. И онака планирав борба, всушност, би се борел и овој викенд ако беше по мое. Се појави оваа можност и си помислив: ‘Да, зошто да не’“, рече Џошуа.

    „Ги имате Џејк Пол против Ентони Џошуа, а ние сме тука во Мајами. Ги обединивме Европа, Африка, Азија, Нигерија… целиот свет за да ја гледа оваа шоу-програма на Нетфликс. Ќе биде феноменално. Така и завршивме овде – двајца момци кои сакаат да направат добра претстава“, додаде.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica