6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Повторените избори за Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, ќе се одржат на 11 јануари

    Повторените локални избори во четири општини Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, и Центар Жупа, ќе се одржат на 11 јануари 2026 година. Општините каде што во првиот круг на локалните избори минатиот месец немаше минимална излезност, ќе добијат втора шанса да изберат нови градоначалници и Совети на општините.

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување повторени избори за градоначалници во четирите општини на 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство и информира дека со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури.

    „Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и до набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално. Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите учесници во овој процес да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности, рече Гаши.

    Тој се обрати и до граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето. Претседателот на Собранието нагласи дека повторувањето на изборите ја потврдува важноста на учеството на секој граѓанин во локалното одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica