Вчера околу 23:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П.(28) од Скопје.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х.
Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М.(28) од Косово и возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.