8.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Филмот „Диџеј Ахмет“ на Унковски освои шест награди на три различни фестивали за два дена

    Филмот „Диџеј Ахмет“ освои шест награди на три европски филмски фестивали во само два дена. На Босфорскиот филмски фестивал филмот освои специјална награда на жирито и награда за најдобар актер за Ариф Јакуп во улогата на Диџеј Ахмет.

    На Севилскиот европски филмски фестивал ги освои Гран при наградата на жирито и наградата за најдобар актер — повторно за Ариф Јакуп, додека, пак, на Брауншвајг Интернационалниот филмски фестивал, наградата на жирито за најдобар европски дебитантски или втор филм и наградата од публиката за најдобар европски дебитантски или втор филм.

    „Ова е неверојатно признание за целата екипа, особено за Ариф Јакуп и Георги М. Унковски. Македонија повторно го истакнува својот талент на светската филмска мапа“, истакна и тимот на „Диџеј Ахмет“.
    Филмот е поддржан од повеќе национални и меѓународни институции, меѓу кои Агенцијата за филм на Северна Македонија, Eurimages, Czech Film Center, HAVC, Филмскиот центар на Србија и други.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica