Министерот за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов денеска потпишаа договор за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. Ова е најважен трансевропски транспортен коридор, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за Балканот и за Европа, а за Македонија е важен бидејќи ја поврзува земјата со две мориња и ќе има големо влијание врз зголемување на конкурентност на домашната економија. Во врска со финансиската конструкција на целиот источен коридор 8, Николовски кажа дека пари има.
„Првата фаза е завршена и ставена во функција оваа година. Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се работи во моментов, рокот за изградба е октомври 2026 година. Морам да кажам дека не сум задоволен од изведувачите, но со нашите партнери од ЕБРД ќе бараме заедничко решение како да го надминеме овој проблем. Третата фаза од Крива Паланка до границата се надевам дека со напорна работа со ЕИБ, ЕБРД и со ЕУ, во тек на месец декември да се распише претквалификација за избор на изведувач и избор на надор“ рече Николовски.
Буџетот за железницата од Куманово до границата е околу 810 милиони евра, за што 200 милиони се грант од ЕУ. Од Куманово до Бељаковце чинеше 79 милиони евра, од Бељковце до Крива Паланка треба да чини 155 милиони евра. Од Крива Паланка до граница е околу 455 милиони евра и дополнително ќе се потрошат 110 милиони евра за сигнализација и електрификација од Куманово до границата.