14.5 C
Vinica
петок, ноември 21, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Романија ја презема подружницата на Лукоил, нејасно е што ќе се случува со имотот на руската компанија во Македонија

    Романија сака да преземе контрола врз локалната подружница на рускиот Лукоил со цел да го заштити својот национален енергетски систем и да се усогласи со санкциите на САД, изјави денес романскиот министер за енергетика Богдан Иван. Лукоил управува со 320 бензински пумпи во Романија.

    САД неодамна воведоа санкции против руската приватна нафттена компанија Лукоил, заедно со државната „Роснефт“, и тие ќе стапат во сила на 21 ноември. Министерот Иван нагласи дека Букурешт нема да бара продолжување на рокот за имплементација на санкциите и дека Романија ќе ја поддржи нивната целосна примена на ниво на Европската унија, објави Киев Индепендент.

    „Ќе го поддржам целосното спроведување на санкциите иницирани од САД на ниво на целата ЕУ“, изјави тој. Тој додаде дека Министерството за енергетика подготвува законски измени за да се осигура непречено работење на рафинеријата и стабилност на снабдувањето со гориво, додека земјата се усогласува со новите мерки.

    И „Лукоил“ и „Роснефт“ се меѓу клучните компании во руската економија, а Украина одамна повикува на санкции кон рускиот енергетски сектор, тврдејќи дека ограничувањето на приходите од нафта ќе го намали капацитетот на Москва да ја финансира војната против Украина.

    Во Македонија сè уште нема јасен одговор што ќе се случува со 550-те вработени во македонската „Лукоил“ и нејзиниот имот кој вклучува 40 бензински пумпи и 10 резервоари за гориво. Според Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, треба да ѝ се даде шанса на компанијата да продолжи да работи, бидејќи може да обезбедува деривати кои не доаѓаат од Русија. Но, прашање е дали тоа е во согласност со санкциите.

    „Имав средба со претставникот на ‘Лукоил Македонија’ и тој ме увери дека ќе преземат мерки никој да не остане без работа. ‘Лукоил’ може и понатаму да функционира и да се снабдува од други земји, не мора од руски рафинерии“, изјави Бислимоски.

    Вистинското прашање на кое до сега нема одговор во јавноста е кој ќе ја преземе сопственоста на „Лукоил Македонија“ откако санкциите ќе стапат на сила. Во случај да не се смени сопственикот, компанијата ќе биде од санкции од САД, и работењето ќе биде проблематично. Доколку, пак, некој ја купи „Лукоил Македонија“ прашање е дали тоа ќе биде домашна компанија која ќе го преземе имотот, или ќе се продаде во пакет со останатиот имот во странство на Лукоил.

    Покрај во Романија, и во Бугарија се преземаат мерки за национализација на имотите на „Лукоил“, не само на бензинските пумпи туку и на рафинеријата во Бургас.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica