По повод одбележување на Светскиот ден на дијабетесот, „Баланс Мк“, Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија, утре во 11 часот „Грувлин бар“ организира „Кулинарска едукативна работилница за деца и родители“, на која децата со дијабетес сами ќе приготвуваат и дегустрираат храна (секако под надзор на родителите, едукатор и нуриционист) и воедно ќе учат како да бројат јаглехидрати, соопштуваат од Асоцијацијата.
„Децата ќе добијат и информации за важноста од избор на здрава храна како и основи за нејзиниот нутритивен состав. На овој настан ќе биде промовирана и првата работна тетратка за деца со дијабетес „Здраво и вкусно“ чии автори се Везире Старова – нутриционист и Наташа Д. Димитриевска – сертифициран дијабетес едукатор. Ова издание рецензентски е одобрено од стручни лица нашите спец. педијатри ендокринолози. Децата на настанот ќе добијат примерок од оваа едукативна работна тетратка, како и опрема – капа и престилка за мали готвачи“, соопштуваат во Асоцијацијата.
Вечерва пак, во „Студио 70“ во Буњаковец, ќе се одржи донаторска вечер од 20 часот, а собраните пари ќе се искористат за креирање дигитална апликација за броење јаглехидрати наменета за лицата со дијабетес.