7.8 C
Vinica
петок, ноември 14, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Контраспин: Европската комисија не ја пофали општина Тетово за животната средина, како што тврдaт од општината

    Во својата објава каде што нагласува дека е позитивно оценета од Европската комисија за зголемување на зелените површини, подобрување на квалитетот на воздухот и создавање поздрава животна средина за граѓаните, општина Тетово не ја кажува вистината. Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, општина Тетово се споменува само еднаш, и тоа за завршување на катастарот за загадувачи на воздухот, без да даде никаква евалуација или пофалба за политиките за животната средина, пишува Порталб.мк. Тетово постојано има  загаден воздух и нема паркови или зелени површини за пофалба. 

    Спин: „Европската комисија многу позитивно ја оцени општина Тетово, како резултат на зголемувањето на зелените површини, подобрувањето на квалитетот на воздухот и создавањето на поздрава животна средина за граѓаните. Оваа оценка на Европската комисија, која веќе го смести Тетово во регистарот на зелениот катастар, кажува за работата и континуираната посветеност на Oпштина Тетово за одржлив развој, подобрување на животната средина, создавање на зелени површини и зачувување на животната средина.“

    (Извор: Општина Тетово – официјална Фејсбук страница, 12.11.2025)

    Фото: Принтскрин од Фејсбук страницата на oпштина Тетово

    Контраспин: Не може да се каже дека зелените политики и квалитетот на воздухот биле приоритет за општинските власти на Тетово, ниту оваа, a ниту во претходните години. Потсетуваме дека 2025 година започна со енормна загаденост на воздухот во Тетово. Овој град честопати беше на врвот на светските листи според загаденоста на воздухот.

    Дека проблемот со години останува нерешен покажуваат и податоците за загадувањето, кои секоја година во текот на месеците ноември, декември, јануари и февруари го достигнуваат својот максимум.

    Во претходната изборна програма на градоначалникот на Тетово Билал Касами, со која тој дојде на чело на општината, беа предвидени неколку мерки за зачувување на природата и животната средина. Меѓуоа, освен некои симболични активности, повеќето од овие ветувања не се исполнети.

    Исто така потсетуваме дека иако Тетово е еден од најголемите градови во земјата, сè уште нема градски парк. И покрај тоа што нема градски парк, и тие неколку мали паркови што постојат честопати не се одржуваат како што треба.

    Пред три години, во 2022 година, беа презентирани две идеи за изградба на градски парк. Меѓутоа, ниедна од овие две идеи сè уште не е имплементирана на терен, а една од причините е тоа што Тетово сè уште нема генерален урбанистички план. Значи, не е случајно тоа што никаде во извештајот не се споменува дека Општина Тетово ги зголемила зелените површини, го подобрила квалитетот на воздухот или создала поздрава животна средина за своите граѓани.

    Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, Општина Тетово се спомнува само еднаш, и тоа за завршување на катастарот за загадувачи на воздухот, а не како што напишале од Општина Тетово во својата објава, без да даде никаква евалуација или пофалба за политиките за животната средина.

    „Катастрите за загадувачите на воздухот се завршени за 10 општини: Кичево, Прилеп, Штип, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Велес, Струга, Тетово и Гостивар, а се очекува да бидат завршени катастрите за седум други општини: Струмица, Манастир, Пробиштип, Крива Паланка, Делчево, Дебар и Свети Николе“, се наведува во извештајот.

    (Извор: Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија, 04.11.2025)

    Загадувањето на воздухот во Тетово
    Месечна просечна вредност на ПМ 10 честичките во 2024 година: 43.38µg/m3
    Јануари Февруари Март Април Мај Јуни Јули Август Септември Октомври Ноември Декември
    Месечна просечна вредност на ПМ 2.5 честичките во 2024 година: 30.11 µg/m3
    Јануари Февруари Март Април Мај Јуни Јули Август Септември Октомври Ноември Декември
    Годишна просечна вредност на ПМ 10 честичките, 2004 – 2024 година: 86.09 µg/m3
    Годишна просечна вредност на ПМ 2.5 честичките, 2004 – 2024 година: 35.06 µg/m3
    Минимален дозволен праг
    Извор: air.totle.org

    Пишува: Фисник Џелили 

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica