Кристијано Роналдо на дуелот против Ирска заработи црвен картон, откако целосно го изгуби трпението во 61-та минута. Во еден дуел, Роналдо удри со лакт еден ирски играч. Видеото со забавена снимка јасно го покажува лактот што судијата го прегледал по повикот од ВАР собата. Без многу размислување, судијата Ниберг му покажа директен црвен картон на Роналдо.
Според првичните информации тој ќе заработи два меча суспензија. Ова значи дека Португалија на првиот натпревар на Светското првенство 2026 година ќе биде без својот најдобар фудбалер. Роналдо ќе го прескокне и последниот квалификациски меч од групната фаза против Ерменија.
Се очекува потврда дали навистина ќе биде донесена ваква одлук како што напиша познатиот новинар Фабрицио Романо.
Инаку за Роналдо ова беше прв црвен картон во дресот на Португалија, во неговата кариера има уште 12, кои ги заработил во клупските настапи.