8.9 C
Vinica
среда, ноември 12, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

    Министерството за финансии информира дека земјава, преку органите за управување  на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата одлука следи по актуелните случувања во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

    „За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција“, стои во соопштението на Министерството.

    Во моментот, националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат  дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања. Земјава од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.

    Николовски: ИПАРД програмата суспендирана поради корупциски скандал, власта молчи

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica