4.7 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Тодоровски: Време е за дерби, и Вардар да го покаже вистинското лице

    Денеска во рамките од новото дванаесетто коло во ПМФЛ шампионатот на програмата е посебен дуел. Дуел кој што не така често се гледа во мак фудбалот. На програмата е вечното дерби помеѓу екипите на Пелистер и Вардар кој што е закажан за 17:00 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола.

    Се е подготвено за овој меч. Домаќините инспирирани секогаш кога Вардар пристигнува во, а гостите пак секогаш со желба да освојат „битолски“ бодови. Имаат тие посебен шмек кога е во прашање Вардар.

    „Нормално дека ова е посебен меч ако се гледа историјата, традицијата, и се што двата клуба носат со себе како „багаж“. Секој играч сака да биде дел од вакво дерби, па нормално и јас. Се надевам на одлична атмофера, на добар дуел, на се што меч со предзнак дерби носи со небе“ – вели Димитар Тодоровски па додава.

    „Пелистер е квалитетен, неговата позиција на табелата не не залажува, напротив. Домаќинот е максимално мотивиран тоа го знаеме ние добро. Како што знаеме добро и за што е способен тимот на Вардар во моментов. Способен е да одигра на највисоко ниво кога е најпотребно, да покаже зошто е на самиот врв на табелата, зошто има амбиции да ја освои титулата… Ваквите дуели го носат оној „X“ фактор во себе кој што те носи и те тера да дадеш и 200% од силата. Се надеваме на поддршка секако и од нашите навивачи кои ќе пристигнат во Битола“ – вели првотимецот и еден од капитените на Вардар, Димитар Тодоровски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica