6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денеска ќе поминува влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд

    Денеска над нашата Република Македонија ќе поминува влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината исто така со овој влажен бран ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет.

    Поради продор на поладен воздух од северозапад кој се спушта преку Алпскиот регион над нашиот дел од Европскиот Континент ќе започне да дува повремено засилен ветер од северен правец и особено во Повардарието повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. И во Скопје и околината ќе започне да дува повремено засилен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

    Поради падот на температурите на највисоките места од планините Кораб, Шар Планина, Пелистер и Солунска Глава повремено ќе провејува и снег.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica