8.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Гласовите од вчерашното гласање на болните, немоќните и затворениците ќе се бројат денеска

    Државната изборна комисија информираше дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат посебно, туку ќе бидат пребројани денеска, по завршувањето на гласањето во вториот круг. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од гласањето ќе се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите после 19 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа.
    Вчера, од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, гласале 3.327 гласачи.
    Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1.256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до гласале 588 гласачи, додека од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа гласале 125 гласачи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica