13.9 C
Vinica
среда, октомври 29, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    Русија успешно ја тестираше крстосувачката ракета „Буревесник“ на нуклеарен погон, соопшти претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во неделата, нагласувајќи дека ова оружје ќе биде подготвено за распоредување, јави Ројтерс.

    Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов, информираше дека ракетата пиоминала 14.000 километри за околу 15 часа при тестот изведен на 21 октомври.

    Според руските власти, ракетата 9М730 „Буревесник“ (по НАТО-класификација SSC-X-9 „Skyfall“) има речиси неограничен дострел и непредвидлива траекторија на лет, што наводно ја прави отпорна на сите постоечки и идни системи за противракетна одбрана.

    „Ова е уникатно оружје кое никој друг го нема“, изјави Путин, облечен во камуфлажна униформа за време на средба со воените команданти кои ја надгледуваат војната во Украина.

    Путин рече дека некои руски инженери порано тврделе дека не е возможно да се направи вакво оружје. „Но сега, клучното тестирање е завршено“, додаде тој.

    Според Герасимов, ова тестирање се разликува од претходните токму поради долгото траење и потврдата дека нуклеарниот погон овозможува лет без ограничување на дострелот. Тој тврди дека „Буревесник“ може да го пробие секој противракетен систем.

    Според Федерацијата на американски научници (ФАС), Русија и САД заедно поседуваат околу 87 отсто од вкупниот глобален арсенал на нуклеарно оружје. Русија има 5.459 нуклеарни боеви глави, а САД 5.177.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica