6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Дератизација во училиштата, градинките и зградите и дезинфекција на јавни површини во Центар

    Општината Центар ќе направи дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките како еден од начините за справување со кризата со натрупаното ѓубре кое не се подигнува со денови.

    Градоначалникот Горан Герасимовски, информираше дека Штабот за заштита и спасување донел одлука викендов да се направи итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките, како и мапирање на кризни точки во близина на училиштата и најави дека општината врши вонредна дератизација и дезинфекција на сите јавни површини, паркови и подрумски простории.

    „Во сите 1980 шахти се фрла серитифициран препарат. Но потребно е да се спроведе дератизација и во сите згради. Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Испраќам отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика. Ова е момент кога треба да покажеме општествена одговорност и солидарност“, истакна Герасимовски.
    Тој информира дека општинската инспекција ќе биде постојано на терен, за да се спречи фрлање на ѓубре од градилишта, дуќани и фирми и најави ригорозни казни.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica