4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Независниот кандидат за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, се повлече од трката

    Независниот кандидат за градоначалник на Општината Македонски Брод, Милосим Војнески, се повлече од трката по првиот изборен круг. Војнески, кој заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Жарко Ристески, влезе во вториот круг на локалните избори денеска повлекувањето го најави на социјалните мрежи.

    Тој во својата објава на Фејсбук напиша дека одлуката ја донел по разговори со неговите сограѓани и одлучил дека тоа е најдобрата одлука што е во интерес на сите граѓани на општината.

    „Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент. Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“, напиша Војнески на Фејсбук.

    Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е неговата матична партија на која и го посветил поголемиот дел од животот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica