4.7 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) РЕЦЕПТ ЗА ПЕЧИВА СО СИРЕЊЕ: Која е тајната на највкусното лиснато тесто

    Идеја за брз, домашен појадок
    Потребно е:
    300 мл млеко
    550 г брашно
    20 г квасец
    2 јајца
    1 лажичка шеќер
    една лажица маст
    Фил:
    150 г сирење
    1 јајце
    Подготовка:
    Додадете ги издробениот квасец и шеќерот во малку млеко. Измешајте сè и оставете. Ставете ги јајцето и белката во сад, а жолчката оставете ја покриена за премачкување. Додадете го стасаниот квасец и остатокот од млекото.
    Полека додадете брашно, малку сол и замесете помеко мазно тесто, оставете го да отстои 30 минути, потоа поделете го на 7 топчиња. Потоа покријте ги со крпа и оставете ги уште десет минути. Секое топче го премачкуваме во тенок слој со маст, ги ставаме едно врз друго и малку притискаме.
    Последната не ја мачкаме. Развлечете ги корите во долг правоаголник. Исечете на ленти, потоа на мали правоаголници и наполнете го со сирење измешано со едно јајце. Горната страна ја преклопуваме и се редиме во плех.
    Кога ќе нараснат, ги премачкуваме со жолчка од јајце, која сме ја составиле со малку млеко и наросуваме малку сусам. Печеме на 200 степени Целзиусови 35-40 минути. Сервирајте топли.

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica