Светата преподобна Пелагија живеела во 5 век и потекнувала од Антиохија, еден од најголемите градови на тогашната Сирија. Пред да го познае христијанството, таа била прочуена по својата голема убавина и живеела распуштен и грешен живот, позната како позоришна актерка и блудница. Славата и богатството ѝ биле сè додека не ја допрела Божјата благодат.
Еден ден, кога слушнала проповед на епископот Нон, длабоко била потресена. Се покајала искрено, се крстила и го оставила својот поранешен живот. Откако ја раздаде својата облека и богатство на сиромашните, Пелагија заминала во Ерусалим, каде што се затворила во една ќелија на Маслиновата Гора и живеела во строг пост, молитва и покајание.
Во тоа време, многумина не знаеле дека во таа ќелија живее жена, бидејќи се претставувала како пустиник под името Пелагије. Дури по нејзината смрт, кога отвориле ќелијата, дознале дека „пустиникот“ бил – жена.
Поради своето длабоко покајание и свет живот, Црквата ја нарекува Преподобна (т.е. светица што со својот живот достигнала духовна чистота).