ОМИЛЕН медењак на многу генерации кое ги буди сите сетила.
Сочно и слатко, најдобро е веднаш да ставите двојна мерка.
Потребно е:
* 250 мл кисела вода
* 120 мл масло
* 200 г шеќер
* 1 лажица џем по ваш избор
* 250 г брашно
* 3 лажици какао
* 1 лажичка сода бикарбона
* 1 лажичка цимет
За премачкување:
* 3 лажици џем
За глазура:
* 100 г посно чоколадо
* 2 лажици масло
Подготовка:
Измешајте брашно, какао, сода бикарбона и цимет. Соединете ја киселата вода со маслото, шеќерот и џемот, потоа додадете ги сувите состојки. Добро измешајте сè и половина истурете во намастен калап (33×22 см). Нанесете го џемот а врз него остатокот тесто. Добро израмнете. Печете го колачот во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Премачкајте го џемот врз врелиот колач. Растопете го чоколадото со масло, па прелијте го врз изладениот колач.
Видеото и начинот на подготовка погледенете го на линкот.
Фото: Прнтскрин/Youtube