7.4 C
Vinica
недела, април 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Флик збесна на прашање за Јамал: Кој и да ти го кажал тоа – лаже!

    Тренерот на Барселона, Ханси Флик од новинарите беше запрашан за Ламине Јамал и неговото наводно доцнење на тренинг, што почна да се случува почесто, а едно такво доцнење беше забележано и пред дуелот со ПСЖ на почетокот на месецот.

    Се шпекулираше дека Флик потоа планирал да го отстрани Јамал од тимот, но дека спортскиот директор Деко интервенирал и го спречил неговото отстранување од тимот. Флик остро реагираше на овие шпекулации, негирајќи ги сите гласини.

    „Би сакал да знам од каде ја добивте таа гласина. Тоа е глупост. Не е вистина. Во овој клуб, со Деко и другите професионалци, имам вистински однос. Ја ценам нивната доверба во нашата работа. Тоа е глупост. Кој и да го кажал тоа – излажал“, рече Флик.

    Тренерот на Барселона нагласи дека Деко и остатокот од управата никогаш нема да го замолат да ги промени своите одлуки и дека постои целосна доверба меѓу него и клубот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica