Во пресрет на стартот на новата сезона во НБА, екипите и натаму се подготвуваат за тоа што ги чека играјќи контролни мечеви. Денвер беше подобар од Чикаго со 124:117, а Никола Јокиќ повторно беше одличен.
Прво да видиме како Јокиќ забива, нешто што многу ретко го прави:
Јокиќ беше на работ на трипл-дабл, 18 поени и по осум скока и асистенции, додека Гордон застана на 17 поени и четири скока. Повторно се покажа како функционира овој тандем.