17.7 C
Vinica
понеделник, октомври 13, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Пронајдена дрога во домот на студентка од Турција

    Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција. При претресот, извршен по добиен налог од надлежното обвинителство, инспектори од Одделението за истраги, пронајдоа вкупно шест таблети од 0,29 грама прихотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.

    Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како нотес. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес во домот, при што е пронајдена дрогата.

    Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во МВР, каде е потврден нивниот хемиски состав.
    Против осомничената е поднесена кривична пријава до ОЈО Гостивар за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica