СОЧНА одвнатре, крцкава однадвор, а празот и фетата му даваат посебен шмек. Идеална е како појадок, ужина или лесна вечера.
Оваа проја е совршена комбинација од традиционален вкус и практичност. Брза и лесна е за подготовка – ќе ја правите секој викенд.
Состојки:
* 2 јајца
* 200 г пченкарно брашно,
* 100 г пченично брашно,
* 1 кесичка прашок за пециво
* 200 мл јогурт,
* 100 мл масло
* 150 г фета или бело сирење
* 1 поголем праз,
* сол, по вкус
Подготовка:
Ситно исечкајте го празот и пржете го кратко во малку масло додека не омекне. Оставете да се излади. Изматете ги јајцата во голем сад, додадете јогурт и масло, а потоа измешајте. Додадете ги обете брашна, прашокот за пециво, солта, издробеното фета сирење и пржениот праз. Сè измешајте во компактна смеса (ќе биде малку погуста). Истурете во плех премачкан со масло (или обложен со хартија за печење). Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30-35 минути, додека не добие златна кора. Оставете да се олади и исечете на коцки.
Фото: Принтскрин/Youtube/Sherpica Recipes