17.7 C
Vinica
понеделник, октомври 13, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Вучиќ иронично по барањето Хрватска да ја купи НИС: Ќе понудиме 50 отсто повеќе од секој друг за ХЕП

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е подготвена да понуди и до 50 отсто повеќе пари од било кој друг купувач за хрватското државно електростопанство (ХЕП). Изјавата доаѓа како одговор на најавата од хрватскиот министер за енергетика, Анте Шушњар, дека Хрватска би можела да влезе во сопственичката структура на Нафтната индустрија на Србија (НИС) откако оваа компанија, сега во сопственост на руски Газпром.

    „Им благодарам за тоа. Официјално ги известувам дека сме заинтересирани да го купиме хрватското Електростопанство (ХЕП), ЈАНАФ (јадранскиот гасовод), сè. Но, не ни дадоа да го купиме ниту Краш кога сакавме. Ништо не ни дадоа да купиме. Ние отсекогаш бевме отворено за хрватски инвестиции, може да ги купат и Дијамант и Соко Штарк, сè што посакаа. Толку од европските вредности и отвореноста на пазарот.

    Вучиќ понатаму иронично рече дека ќе ја имаат предвид понудата на Хрватска „кога руските пријатели“ ќе ги известат дали планираат да ја продадат Нафтената индустрија на Србија или не.

    „Но, однапред ги известувам дека имаме најдобра понуда за хрватското Електростопанство, никој на светот нема да им понуди толку пари колку ние, нема таква Америка, Кина, Германија, никој нема да понуди … Ќе дадеме 50 отсто повеќе пари за ХЕП отколко кој било друг во светот. Само да имаат предвид дека бараме транспарентен тендер. Им посакувам сè најдобро“, рече Вучиќ.

    Изјавата доаѓа на денот кога почнаа да важат новите американски санкции кон НИС поради тоа што таму мнозински сопственик е државна руска компанија, гигантот Газпром нефт. Од утрово, како што соопшти Вучиќ, санкциите се на сила, гориво може да се купи само во кеш на бензинските пумпи, а српската рафинерија има резерви на нафта до 1 ноември.

    Од друга страна, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ категорично изјави дека ЈАНАФ не е на продажба, ниту пак таа опција се разгледува. На денешната владина седница, тој нагласи дека целта е да се пронајде решение што ќе овозможи продолжување на соработката меѓу ЈАНАФ и НИС, со оглед на тоа што транспортот на нафта кон српската рафинерија во Панчево е оневозможен.

    Тој потсети дека Хрватска веќе побарала од Европската комисија нејзини претставници да присуствуваат на тестирање на капацитетите на ЈАНАФ, кој би можел да го замени нафтоводот „Дружба“ во испораката на сирова нафта до унгарските и словачките рафинерии на унгарската нафтена компанија МОЛ.

    Според проценките, прекинот на соработката со НИС би можел да му донесе загуби на ЈАНАФ од околу 18 милиони евра до крајот на 2025 година.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica